Кога велиме дека децата се нашата иднина тогаш мора сите да знаеме дека градители на патот кон таа иднина се учителите. Наставниците се тие кои, преку образовниот процес и воспитувањето, од децата прават луѓе, оние луѓе кои ќе ја преземат одговорноста за понатамошниот прогрес на заедницата, општеството и човештвото.
Има една мудрост која вели: „Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува. Квалитетниот учител демонстрира. Најдобриот инспирира“. Ако е тоа така, тогаш нашиот заеднички стремеж треба да биде, да им овозможиме на наставниците да бидат инспиративни во процесот на примопредавање на знаењата. Тоа ќе го постигнеме само ако професијата-наставник ја издигнеме на највисокиот пиедестал. Наставниците тоа го заслужуваат.
Со желба за успех во воспитно-образовната работа, на сите наставници од општина Струмица им го честитам 5 Октомври – Светскиот ден на учителот. Отсекогаш сум бил и ќе останам на страната на наставниците.