Јавен повик за изработка на стратешки документи од областа на енергетската ефикасност

Јавен повик за изработка на стратешки документи од областа на енергетската ефикасност

 

Општина Струмица

 

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени во програмата за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година бр.08.11064/1 од 28.12.2023 година објавена во Службен гласник бр.19/23 на Општина Струмица како и нашата цел унапредување на политиките и плановите поврзани со Заштита на животната средина и енергетска ефикасност Градоначалникот на Општина Струмица, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК за изработка

Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2030) и Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028)

Опис на јавниот повик

 

Подготовката на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2030) – петгодишна развојна стратегија во областа на енергетската ефикасност и  Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028) тригодишна како едни од стратешките плански документи кој се иницирани од граѓаните за чиста и здрава средина и енергетска ефикасност, но и како правна обврска која произлегува од законската важечка регулатива законот за енергетска ефикасност Член 7 Програма за енергетска ефикасност на единиците на локалната самоуправа.

-Стратегијата за развој на енергетиката на Општина Струмица дефинира  долгорочен развој на енергетскиот сектор во општината со цел да се обезбеди сигурно, ефикасно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија.

-Програмата за енергетска ефикасност е да ја прикаже состојбата на објектите во сопственост на Општина Струмица, од аспект на енергетската ефикасност, односно што е досега реализирано и што во иднина треба да се направи во насока на подобрување на енергетската ефикасност во објектите и нивната енергетска класификација. Програмата треба да послужи како основа за изработка на проекти, студии, извештаи, елаборати, стратегии, физибилити студии и друга документација во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

Изработувачот на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2030) треба да ги спроведе следниве активности:

  • Анализа на постоечката инфрастуктура на општина Струмица
  • Одржување на постоечката инфраструктура
  • ревитализација и модернизација на постојната и изградба на нова
  • изградба на современа инфраструктура за потребите на производство и користење на енергијата
  • подобрување на енергетската ефикасност во користењето на енергијата
  • користење на домашните ресурси за зголемување на користењето на природниот гас

Целта на оваа стратегија е до 2030 година да  се: намали енергетската интензивност за минимум 25% и зголеми учеството на обновливите извори на енергија до износ повисок од 30% од вкупната потрошувачка на финална енергија. Стратегијата ги опфаќа економските, организационите, институционалните,  и образовните димензии на развојот на енергетскиот сектор во делот на  користењето на енергијата. Врз основа на стратегијата се изготвува програма за енергетска ефикасност со акционен план се со цел да се овозможи развој на енергетиката како основа за севкупен одржлив развој.

Изработувачот на Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028) треба да ги спроведе следниве активности:

Програмата за енергетска ефикасност треба да ги содржи најмалку следните информации по извршените активности:

  • Приказ и анализа на податоци за потрошувачката на енергија во единицата на локалната самоуправа, збирно и по сектори (основно и средно образование, јавни институции под надлежност на општината (ЈПКД Комуналец Струмица, ЈП Струмица гас, ЈП Паркиралишта, ЈП Струмица Транспорт) библиотека Благој Јанков Мучето);
  • Анализа на спроведените мерки и активности од претходната Програма за енергетска ефикасност;
  • Цели за енергетска ефикасност на ниво на единиците на локалната самоуправа, по сектори;
  • Мерки и активности за подобрување на енергетската ефикасност, по сектори;
  • Рокови во кои треба да се спроведат одделните мерки и активности;
  • Потребни средства за спроведување на предвидените мерки и активности, и начини на нивно обезбедување;
  • Предизвици за спроведување на мерки за енергетска ефикасност и мерки за нивно надминување;
  • Влијание на предложените мерки врз животната средина и климатските промени;
  • Предлог Годишен Акционен план за спроведување на Програмата за 2025 година;
  • Одговорно лице за спроведување на секоја од предвидените мерки или активности.

 

Статегија и Програмата за енергетска ефикасност треба да бидат усогласени со:

  • Планските документи за локален економски развој на Општина Струмица и со Локален Акционен План за животна средина на Општина Струмица
  • Стратегија за развој на енергетиката во Р.С Македонија до 2040год.
  • Националната стратегија за одржлив развој (НСОР)
  • Национален акциски план за енергетска ефикасност
  • Национална комуникација за климатски промени и другите национални стратешки документи за климатски промени
  • Aпликантот кој ќе биде избран за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и  Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028) истите треба да ги изготви во рок од 4 месеци од денот на потпишување на договорот.

Право на учество на Јавниот повик

 

  • Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани стручни лица (консултант) кои се подготвени и имат искуство во областа на енергетската ефикасност во изготвување на овие стратешки документи Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028).
  • Јавниот повик е поделен во два дела односно апликантите поднесуваат одделено за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и одделно за Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2028)
  • Јавниот повик трае десет (10) дена од денот на објавувањето на веб страницата на Општина Струмица

 

    Потребна документација за аплицирање

 

  • Доказ за завршено високо образование – диплома на Дипломиран Електро инжинер со повеќе од 10 години работно искуство.
  • Портфолио на апликантот:
  1. Учество во изработка на минимум 1 (една) услуга од предметната област.
  2. Биографија
  3. Листа на реализирани проекти и активности од областа на енергетската ефикаснсот – пример (стратешки документи/проекти , физибилити студија итн)
  4. Финансиска понуда во бруто износ.

Напомена документите се поднесуваат одделно за двата документи.

 

  Начин на пријавување на Јавниот повик

 

  • Апликациите на заинтересирани стручни лица (консултант) за За Јавен повик избор за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и  Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028), заедно со потребната документација, заинтересираните страни во затворен плик ги доставуваат до Општина Струмица, преку Архивата на Општина Струмица, ул. Сандо Масев бр 1, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
  • На пликот треба да е наведено “ За Јавен повик избор за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и  Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028) “ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.
  • Пријави кои ќе бидат доставени по истекот на рокот на Јавниот повик и нецелосно пополнети пријави нема да бидат разгледувани.
  • Јавниот повик трае десет (10) дена од денот на објавувањето на веб страницата на Општина Струмица

 

Начин на спроведување на Јавниот повик

 

  • За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира тричлена Комисија за спроведување на постапката – отварање и селектирање на пристигнатите понуди и реализација и следење на активноста.
  • Комисијата ќе се раководи и изврши избор по принципот најниска понудена цена, проекти поврзани со енергетска ефикасност и ќе предложи кандидат кој ги исполнува сите услови од погоре наведената потребна документација за изработувач (консултант) на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и  Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот  (2025-2028).

 

                                                                                                       ГРАДОНАЧАЛНИК
                                                                                                      на Општина Струмица
                                                                                                            Костадин Костадинов