ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на кандидати, за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возачи во ОПШТИНА СТРУМИЦА
– термини за 2025 година –
1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1. Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возачи во Општина Струмица.
1.2. Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач треба претходно да имаат завршено обука за авто-такси возач и за истата да им е издадена Потврда за завршена обука од правни лица за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Струмица.
1.3. Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за авто-такси возач во Општина Струмица сè на товар на пријавените кандидати.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:
– поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правно лице овластено од Градоначалникот на Општина Струмица за стручно оспособување на кандидатот и
– поседуваат возачка дозвола (Б категорија).
3. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА
3.1. Лицата од точка (2) поднесуваат образец – Пријава во архивата (на 1-ви кат) на Општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр.1.
3.2. Кон пријавата задолжително се доставува:
– Потврда за завршена обука за авто-такси возач во Општина Струмица (во оригинал или заверена копија од Нотар), издадена од правно лице овластено за вршење на обука од Градоначалникот на Општина Струмица;
– копија од лична карта/пасош;
– копија од возачка дозвола („Б“ категорија) и
– доказ за платени административни такси (уплатни сметки во прилог на Пријавата).
3.3. Рокот за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возачи е најдоцна 1 (еден) ден пред закажаниот термин на одржување на испит.
3.4. Доколку кандидатот не ја достави комплетната документација, пријавата ќе се смета за некомплетна и нема да му се дозволи полагање на испитот.
4. ТЕРМИНИ И НАЧИН НА ПОЛАГАЊЕ
4.1. Датуми за одржување на испити:
– 21 јануари 2025 година;
– 06 и 25 февруари 2025 година;
– 11 и 25 март 2025 година;
– 10 и 24 април 2025 година;
– 08 и 27 мај 2025 година;
– 17 јуни 2025 година;
– 08 јули 2025 година;
– 07 август 2025 година;
– 04 септември 2025 година;
– 02 и 21 октомври 2025 година;
– 06 и 25 ноември 2025 година;
– 02 и 23 декември 2025 година.
4.2. Испитот ќе го спроведе посебна Комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.
4.3. Испитите ќе се одржуваат во просториите на Општина Струмица, дом на АРМ, со почеток во 15:00 часот. Кандидатот задолжително со себе да понесе документ за лична идентификација.
4.4. Испитот нема да се одржи во определениот термин доколку за истиот се пријавиле најмногу до 3 (три) кандидати, при што испитот задолжително ќе се одржи во наредниот термин. Доколку се пријават поголем број на кандидати или поради други причини, ќе се закаже испит и во друг дополнителен термин.
4.5. Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест составен од 45 прашања и ќе трае 120 минути. Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој постигнал најмалку 60% од вкупниот број на предвидени поени.
4.6. На кандидатот кој го положил испитот му се издава уверение за положен испит за авто-такси возач и сертификат за авто-такси возач.
4.7. Кандидатот кој не го положил испитот може повторно да се пријави за полагање на истиот, но не порано од 30 дена од денот на претходното полагање.
4.8. Во случај на промена на датумот и времето на одржување на закажаниот термин за испит или други оправдани причини, Комисијата ќе ги извести пријавените кандидати за утврдените измени.
НАПОМЕНА
Сертификатот за авто-такси возач е документ кој авто-такси возачот задолжително мора да го поседува во возилото.
ОПШТИНА СТРУМИЦА
Градоначалник,
Костадин Костадинов