Градоначалникот на Општина Струмица, објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на нови зелени површини на дворни места пред колективни станбени објекти на територија на општина Струмица за 2023 година.
Со цел да ги стимулира жителите за уредување и одржување на дворните места пред колективните станбени објекти, општина Струмица ќе субвенционира уредување на 3 (три) ново оформени/обновени зелени површни или нови подигнати зелени површини на дворни места пред колективни станбени објекти на територијата на општина Струмица, со цел разубавување на општина Струмица и зголемување на зелените површини.
Паричниот надоместок изнесува најмногу 165.000 денари по колективен станбен објект со вклучен ДДВ од 18 %.
Право на учество на јавниот повик имаат сите веќе изградени станбени згради управувани од Заедници на сопственици или Управители на станбени објекти за колективно домување во општина Струмица кои се регистрирани во Централен регистар.
Повикот се спроведува по принципот Прв дојден прв услужен, а рокот за пријавување ќе започне од 15.08.2023 година и ќе трае до 30.08.2023 година.
Превземи документ од јавен повик ЛИНК
Превземи барање од јавен повик ЛИНК