Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација: Плоштад „Гоце Делчев“.
WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Нашата општина ќе биде една од 500 во регионот кои добиваат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија. Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.
Со оваа поддршка, општина Струмица продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

