Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Сама, осудена или заштитена“, настан кој е дел од Програмата за реализација на „16 денови активизам за борба против родовото базирано насилство“ на Општина Струмица. Авторка на филмот е новинарката Стојне Митева,
која инаку е и психолог/гешталд терапевт и ангажирана во Шелтер центарот во Струмица кој врши згрижување жртви на семејно насилство. Снимател на филмот е Кире Пиличев а регионалната телевизија „ТВ канал ВИС“ се јавува во улога на продукциска куќа. Програмата „16 денови активизам за борба против родовото базирано насилство“ е во завршна реализација, а за утре е закажан марш на тема „Сите заедно во борбата против родовото базирано и семејно насилство“.