Денес во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ свечено беше отворено Државното првенство во пинг-понг за средни училишта во машка и женска конкуренција за натпреварувачката и учебна 2022-2023 година, во организација од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а чиј домаќин и коорганизатор е Општинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица.
Државното првенство го отвори претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски, кој ги поздрави организаторите и учениците -пингпонгари, пренесувајќи им ги притоа и поздравите од градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов. Во своето пригодно обраќање Даскаловски меѓу другото истакна: „ Искрено се надевам дека сите млади пингпонгарки и пингпонгари ќе покажат на дело се што знаат и умеат во овој спорт, а со тоа љубителите на пинг-понгот ќе уживаат во квалитетни мечеви. Тоа се разбира го јакне спортскиот натпреварувачки дух, но исто така е важно да се спријателувате меѓусебно и тоа пријателство да го негувате и надградувате во иднина“.