Општина Струмица ги презентираше позитивните практики во унапредувањето на женското претприемништво

Општина Струмица ги презентираше позитивните практики во унапредувањето на женското претприемништво

Денеска во Скопје се одржа вториот Самит за женско претприемништво на кој беа презентирани позитивните практики на општина Струмица.

На првата панел дискусија на тема „Локалните достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво“ учествуваа градоначалници и претставници кои веќе имаат формирано Локални совети, а таква е и општина Струмица, а единствена во која градоначалникот Костадин Костадинов е и претседател на Советот.

Позитивните практики ги презентираше Нела Масалковска координаторка за еднакви можности на општина Струмица.