Второ прскање против комарци во 2024 година

Второ прскање против комарци во 2024 година
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 10-ти и 11-ти Јули 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:
  • 10 Јули (Среда) во општините Радовиш, Конче, Валандово и Дојран;
  • 11 Јули (Четврток) во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица;
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.