Годишен Извештај на Систем 48 во период Јануари-Декември 2023

Годишен Извештај на Систем 48 во период Јануари-Декември 2023

Почитувани,

Во периодот  Јануари – Декември 2023 год.,  во Систем 48 имаме пријавено вкупно 814 пријави, од кои решени и одговорени се 750 пријави. Останатите 64 се проследени до надлежните служби и се пријави  во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа . Најголем број од пријавите доставени до Систем 48 во првите шест месеци од  2023 година, се од областа на улично осветлување -582, од областа на собирање смет -78, водовод и канализација -68,паркови и зеленило -46 , општински инспекцисли служби -14 , улици,патишта и тротоари –26 . Со овој извештај  би сакале уште еднаш да апелираме до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 и на моб.тел.076/484-848, за да можеме навремено да интервенираме и вооедно да ги решаваме пријавите доставени до Систем 48. Истовремено им благодариме на сите граѓани на Општина Струмица за користење на Систем 48.

Со почит,
Систем 48.