Соопштение за Прекинување на прагот на алармирање во град Струмица

Почитувани ,

Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на ден 04.01.2024 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3 , и епизодата од два последователни дена е прекината. Со тоа престануваат да важат препораките и мерките.