Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници и членови на Советот на општина Струмица ги посети дежурните служби во Територијалната професионална противпожарна единица, Итната медицинска помош и Службата за стоматолошка здравствена заштита при ЈЗО Здравствен дом Струмица,
Невропсихијатриската служба при ЈЗО Општа болница Струмица, СВР Струмица и Фабриката за вода при ЈПКД „Комуналец“. На вработените кои најдолгата и највеселата ноќ ја поминуваат на своите работни места им посака многу здравје, успех и среќа во Новата 2022 година. Градоначалникот Костадинов ги посети и штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, а не ги заборави и штитениците коишто го напуштија и сега живеат во мали групни домови. Им ја честита Новата 2022 година и им посака се најубаво во неа.