Градоначалникот Костадинов го посети првото бебе родено во општина Струмица во Новата година

Градоначалникот Костадинов го посети првото бебе родено во општина Струмица во Новата година

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Струмица го посети првото новороденче во општина Струмица во оваа нова 2022 година.

На мајката Тамара Пандева од селото Банско и го честиташе синот, а на новороденчето му подари штедна книшка со 40 илјади денари и му посака среќно и безгрижно детство.