Градоначалникот Костадин Костадинов, попладнево имаше средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
На средбата во неговиот кабинет разговараа на актуелни теми од работата на локалната и централната власт и взаемната соработка во областа на социјалната заштита и европските политики и перспективи.
Со посебно задоволство, градоначалникот Костадинов им ги презентираше струмички позитивни искуства од користењето на средства од европските фондови кои Струмица ја прават прва Општина во државата во тој дел, а со кои се реализирани повеќе проекти во интерес на граѓаните и развојот на Струмица и реализираните и проектите во тек од областа на социјалната заштита кои исто така и ја потврдуваат лидерската позиција.
По средбата во кабинетот, ја посетија Europe House Струмица каде што со младите разговараа за младинските актуелни состојби и перспективи, а заложбите на општина Струмица за подобрување на статусот на младите луѓе ги потврдија со посетата на Младинскиот центар во општинската зграда кој е во завршна фаза.
Градоначалникот Костадинов со посебно задоволство го презентираше и проектот „Струмица – Паметен вело град“ кој се реализира со европски средства, а во чии рамки досега во градот се изведени велосипедски патеки во должина од 5,5 километри.