Во интерес на зајакнување на соработката со младите луѓе и заедничко решавање на проблемите и учество во развојот на нашата Општина, а согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, градоначалникот Коста Јаневски за Службеник за млади го назначи Александар Милушев, вработен во неговиот кабинет. Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност и одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите.