Се решаваат проблемите на такси превозниците

Се решаваат проблемите на такси превозниците

Со почитување на сите протоколи за заштита од КОВИД -19, денеска, во домот на АРМ, на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски се одржа седница на Локалниот совет за безбедност и превенција со претставници на Здружението „Струмица такси“ на којашто се разговараше за подобрување на условите за работа и проблемот со нелегалните таксисти.

На седницата присуствуваа и претставници на СВР Струмица, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ и овластениот општински сообраќаен инспектор. Проблемите што се решливи на општинско ниво ќе се обидеме во најкраток можен рок да ги решиме, а другите ќе ги проследиме во надлежните државни органи за да дадеме сигнал за да се извршат корекции во одредени законски решенија, рече градоначалникот Јаневски.