Општина Струмица, финансиски е стабилна, развојно ориентирана и економски просперитетна, рече градоначалникот Коста Јаневски на денешната прес конференција, а по повод завршувањето на третата година од неговиот мандат. Тој информираше за сите реализирани проекти во овој период, како и за проектите коишто се во тек.
Морам да нагласам дека во последните 8 месеци, како и целиот свет, така и ние, сме зафатени од пандемијата на КОВИД – 19 и се соочуваме со нејзините последици во секој поглед. Соочувајќи се со нив, дел од нашите планирани активности, претрпеа промени, односно, задоцнија со реализацијата, како што впрочем, оваа пандемија ги промени и нашите животи и дел од плановите што секој од нас ги имаше за оваа година. Да се надеваме дека сето ова што сега ни се случува ќе заврши што побрзо и сите заедно ќе функционираме нормално. За некои можеби доволно, за некои не, секогаш може и повеќе и подобро. Имаме уште една година од мандатот и работиме и на останатите ветувања што ви ги дадовме, но и ги почитуваме и реализираме и вашите приоритети доставени до нас. Ви благодарам на поддршката што ја имав од вас до сега и се надевам дека заедно ќе продолжиме да ја развиваме нашата Општина и во последната година од мојот мандат, рече градоначалникот Јаневски.