Започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“

Home / Вести / Започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“
Започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“

Покажувајќи ја својата силна заложба и родова сензитивност, општина Струмица ја започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“ со цел подигање на свеста кај луѓето да се стави крај на насилство од секаков вид. Кампањата започна со осветлување на споменикот „Жена под маска“ во портокалова боја – која претставува аларм за подигањето на свеста за овој сериозен проблем со кој се соочува модерното општество и со цел да упатиме две пораки, дека вредноста на жената е преголема во општеството и треба да се стави крај на насилството со симнување на маските на насилниците.

Како резултат на податоците добиени од Центарот за социјални работи и НВО секторот, Општина Струмица препознавајќи ја големата потреба за решавање на ваквиот горчлив проблем  во 2019 година самостојно  финасиски поддржа отварање на Шелтер центар за згрижување и заштита на жртви на семејно насилство.