Со концертот на македонски шлагери со Љубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор на тапани и Даме саксофон, којшто синоќа се одржа во малиот градски парк започна 11-то издание на Струмица Опен Фест.
Докажаните струмички музичари приредија незаборавно уживање кај струмичани кои дојдоа во голем број на стартот на оваа културно – забавна манифестација. Фестивалот ќе трае 17 денови со 20 настани кои ќе бидат реализирани на повеќе локации во градот. Со богатата и разновидна програма на на Струмица Опен Фест ќе допреме до сите вкусови и до сите граѓани и ќе докажеме како се сака Струмица, рече на отворањето градоначалникот Костадин Костадинов.