Извештајот Здравјето и добросостојбата на адолесцентите во фокус, што го објавува Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, содржи исцрпни податоци за физичкото здравје, социјалните односи и менталната добросостојба на 227.441 деца на училишна возраст од 11, 13 и 15 години, од 45 земји.
Извештајот открива дека децата на училишна возраст во Република Северна Македонија, на примерок од 4.685 ученици (меѓу кои и ученици од дел од општинските основни училишта од Струмица) од три возрасти и два наставни јазика, македонскиот и албанскиот, известуваат за многу значајни податоци поврзани со нивното здравје, навики и однесувања. Меѓу нив, прашањата за менталното и социјалното здравје, сексуалното здравје и грижата за себе (исхраната и физичката активност) имаат највисок приоритет, земајќи го предвид периодот од неколку истражувачки циклуси, низ кои се гледа стагнација, или пад по овие високо релевантни прашања за нашите млади.
Идејата на Регионалната канцеларија е да се промовира овој извештај и да допре до засегнатите страни во училиштата (наставници, родители, ученици) и локалната заедница пошироко.
Целосната информација може да ја видите на следниов ЛИНК – СЗО_ХБСЦ_Соопштение за печат_МАК (1)