Општина Струмица ги известува сите заинтересирани лица во врска со распишаниот Јавен повик за избор на партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација – Консултант), заради реализација на Активноста бр. 1.1 Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризам на Општина Струмица 2026-2031„ со Акциски план (2025-2031) од Мерка бр.1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, дека Јавниот повик бр. 09-893/2 од 04.02.2026 година се повлекува поради дополнителни усогласувања во текстот на истиот.
Доколку се поднесени пријави на заинтересирани лица по однос на Јавниот повик, истите нема да бидат разгледани. Заинтересираните лица ќе можат повторно да поднесат пријави по извршените усогласувања, односно по повторното распишување на Јавен повик.
Во прилог линк од документот ЛИНК
