На покана на Шведската агенција за заштита на животната средина, во соработка со УНИЦЕФ и Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт, општина Струмица преку раководителот на Одделението за заштита на животната средина Томислав Андреев, активно учествува на вториот регионален состанок на мрежата во рамките на програмата „Партнерство за подобрување на квалитетот на воздухот во Западен Балкан“ којшто се одржува во Охрид.
Струмица е единствената општина која го презентираше Планот за подобрување на квалитет на воздухот и мерките кои произлегуваат и кои се превземени во оваа област од страна на Општината.