Општина Струмица наградена за проектот „Вело Струмица“

Општина Струмица наградена за проектот „Вело Струмица“

Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“, со што се потврдува нејзиниот значаен придонес во унапредувањето на урбаната мобилност.

Признанието беше доделено од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г. Михалис Рокас, во рамки на настан организиран од програмата „ЕУ за општините“, по повод шест години континуирана поддршка за општините во државата.

Проектот „Вело Струмица“ претставува важен чекор кон развој на одржлив транспорт, подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на здрави навики кај граѓаните.

Оваа награда е уште едно признание за посветеноста на Општина Струмица во креирањето современи, еколошки и одржливи решенија во интерес на заедницата.