Денес се навршуваат 111 години од смртта на Јане Сандански – Пиринскиот цар, еден од најзначајните поборници за македонската државност и заштитник на македонската национална самобитност.
По тој повод, учениците и вработените во СОУ „Јане Сандански“ со пригодна програма пред неговата биста во училишниот двор го одбележаа патрониот празник.
Како голем почитувач на историјата и делото на македонските револуционери, меѓу кои и Јане Сандански, како и поддржувач на воспитно-образовниот процес, на одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Петар Јанков, кој положи свежо цвеќе.
Честитајќи им го празникот, тој му посака на раководството на училиштето да продолжи успешно да ги воспитува и образува младите генерации во духот на знаењето, почитта и вредностите што ги симболизира името на Јане Сандански.

