Решение за свикување на педесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на педесет и седмата седница  на Советот на општина Струмица
   Совет на општина Струмица
    Бр.08 – 7266/1
    07.10.2025 год.
    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на педесет и седмата седница  на
Советот на општина Струмица
 
               Ја свикувам педесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 14.10.2025 година (вторник).
               Педесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
                        За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 56-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н   р е д

 

  1. Решение за запирање на објавувањето на Одлуката за поништување на Одлука за давање на трајно користење на мрежата за јавното осветлување на територијата на Општина Струмица;
  2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 6392, во КО Вељуса;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП 3455, во КО Куклиш;
  4. Предлог – Одлука за утврдување на  Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – куќи во состав на селски стопански двор на дел од КП 1891, КО Просениково, општина Струмица;
  5. Предлог – Одлука за утврдување на  Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 13.24 и ГП 13.25 од Детален Урбанистички план на дел од Блок 22 (Блок 13, Урбана единица 2 согласно ГУП) во Општина Струмица;
  6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  7. Анекс на Годишна програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2025/2026 година.

 

 

Совет на општина Струмица
         Претсeдател,
           Марjан Даскаловски