Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на триесет и четвртата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 08.02.2024 година (четврток).
Триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од 32-та и 33-та седница на Советот на општина Струмица
II
За работата на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Струмица;
- Предлог-Решение за разрешување и избор на член на Верификациона комисија;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2023 година;
- Ценовник за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2024 година;
- Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица “ Струмица за 2024 година;
- Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта – Струмица “ Струмица за 2024 година;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски