Совет на општина Струмица, Бр.08-1390/1, 05.03.2021 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 12.03.2021 година (петок).
Четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 44 седница на Советот на општина Струмица
II
Дневен ред
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2020 година;
2. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2020 година;
3. Годишен извештај на Општина Струмица за 2020 година;
4. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2020 година;
5. Извештај за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2020 година;
6. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во Општина Струмица за 2020 година;
7. Извештај за реализација на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2020 година;
8. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавната чистота во 2020 година;
9. Извештај за реализација на Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2020 година;
10. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2020 година;
11. Извештај за реализација на Програмата за акривностите на општина Струмица во областа на меѓународната соработка за 2020 година;
12. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2020 година;
13. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2020 година;
14. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2020 година;
15. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2020 година;
16. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2020 година;
17. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2020 година;
18. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ване Трајков од Струмица;
19. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување Детален урбанистички за дел од блок 20, УЕ 9 во Струмица;
20. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица;
21. Предлог – Програма за дополнување на Програмата изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
22. Извештај за работата на Општиската јавна установа –Отворен граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ за 2020 година;
23. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2020 година;
24. Извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2020 година;
25. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2020 година;
26. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2020 година;
27. Одлука по годишната сметка за 2020 година на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;
28. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за 2021 година;
29. Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ за 2020 година ;
30. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица гас“ за 2020 година;
31. Одлука по Годишната сметка за 2020 година на ЈП „Струмица-гас“;
32. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица за 2021 година; и
33. Извештај од процена на штета од пожар во ТЦ „Глобал“ Струмица од 02.01.2021 година.
Напомена:
Точка 33, односно Извештајот од процена на штета од пожар во ТЦ „Глобал“ Струмица од 02.01.2021 година, ќе биде дополнително доставен.
Претседател,
Марјан Даскаловски