Седмата седница на Советот на општина Струмица се одржа денес, во Домот на АРМ – Струмица.
На седницата беа разгледани и усвоени сите точки од дневниот ред, при што беа донесени одлуки и програми од значење за јавното здравје и заштитата на населението, како и акти поврзани со кадровски прашања и работењето на јавните претпријатија и образовните институции.
Донесените одлуки и решенија ќе се спроведуваат согласно законските прописи и ќе бидат јавно достапни преку официјалните канали на Општина Струмица.




