Се подобрува енергетската ефикасност во основното училишта „Сандо Масев“ во Струмица и подрачните училишта во Раборци и Костурино, во коишто неделава започнаа активностите за замена на старите прозорци и врати со нови . Со новите прозорци побрзо и полесно ќе се затоплува просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе се намали и потрошувачката на енергија. Замената се врши со грант во износ од 950.000 денари, а добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност, аплициран преку Одделението за заштита на животната средина во Општина Струмица.
Се заменуваат прозорците и вратите во дел од основните училишта
![Се заменуваат прозорците и вратите во дел од основните училишта Се заменуваат прозорците и вратите во дел од основните училишта](https://strumica.gov.mk/wp-content/uploads/2020/12/2-3.jpg)