Ќе се реализира проектот Урбан мост меѓу стара и модерна Струмица

Ќе се реализира проектот Урбан мост меѓу стара и модерна Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска го најави почетокот на реализацијата на еден капитален проект, којшто беше еден од носечките и во неговата предизборна кампања, а тоа е проектот Урбан мост помеѓу стара и модерна Струмица. Овој проект опфаќа уредување на каналот наречен Свети Илијски порој, изведба на две сообраќајници паралелни со поројот и изградба на фекален колектор, со што ќе се решат инфраструктурните проблеми на овој дел којшто станува ново градско јадро.

Тука никнува една голема населба и заедно со населбата Софилар, со овој проект ќе  бидат приклучени кон постоечкото градско јадро. Владата на Република Северна Македонија веќе донесе Одлука и го прифати овој  проект како еден од значајните, а меѓу повеќето инфраструктурни проекти коишто беа аплицирани од другите општини, и веќе се обезбедени средства во висина од 1,4 милиони евра со кои ќе се реализира еден сегмент од овој наш опсежен проект, рече градоначалникот Јаневски.