Општина Струмица оваа година ќе биде домаќин на државната традиционална спортска манифестација „Гимназијада“.
Овој масовен спортски собир за учениците од средните училишта ќе се одржи на 5 и 6 мај со околу 600 учесници кои ќе се натпреваруваат во 5 спортски дисциплини и тоа фудбал, кошарка, одбојка, ракомет и футсал во машка и женска конкуренција.
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа состанок со претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекџијски и претставници на Општинскиот сојуз на училишен спорт на којшто ги договорија деталите за одржувањето на оваа прекрасна спортска манифестација.