Во Струмица ќе се реализира проектот „Мрежа на велосипедски градови“

Во Струмица ќе се реализира проектот „Мрежа на велосипедски градови“

На денешната осма седница на Советот на општина Струмица беше усвоена Предлог – одлуката за спроведување на проектот  „Мрежа на велосипедски градови“ којашто беше и единствената точка на дневниот ред.

Се работи за прекуграничен проект помеѓу Општина Струмица и Општина Серес од Грција кој е финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција 2014-2020.

Вкупниот буџет за општина Струмица изнесува 184.185,00 евра, од кои 85% ќе бидат финансирани од фондовите на Европската Унија, додека останатите 15% ќе бидат финансирани од Владата на Република Северна Македонија.

Проектот има за цел создавање на рекреативна велосипедска инфраструктура во градот и ги содржи следните активности:

-Вело Зона Градски парк Струмица – изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека)

-Вело Полигон за деца – Градски парк Струмица

-Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик

-Поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк

-Подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот

-Активности за прекугранична соработка помеѓу проектните партнери

Овој проект треба да се реализира за 18 месеци.