Фолклорната традиција на Струмица живее преку младите: Годишен концерт на Фолклорна Низа

Фолклорната традиција на Струмица живее преку младите: Годишен концерт на Фолклорна Низа
Струмица има долга и богата фолклорна традиција којашто станува се попривлечна за младите генерации.
Потврда на ова е годишниот концерт на Здружението за ора и песни „Фолклорна Низа“ кој вечерва се одржа во големата сала на НУЦК ,,Антон Панов”.
Во полната сала меѓу своите сограѓани беше и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков со соработниците, како голем почитувач на фолклорното богатство на Струмица, а посебно на оние кои го негуваат и продолжуваат, како што е ,,Фолклорна низа”.
За неговата почит и поддршка, доби благодарница и подарок од Здружението за што се заблагодари со посебна чест и задоволство, потврдувајќи дека членовите на ,,Фолклорна низа” секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.