Јавен повик за стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области: Локален економски развој и Туризам, Заштита на животната средина, Култура и Млади, заради искористување на планираните финансиски средства во Активноста бр. 7 од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

Јавен повик за стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области: Локален економски развој и Туризам, Заштита на животната средина, Култура и Млади, заради искористување на планираните финансиски средства во Активноста бр. 7 од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

Врз основа на  член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“ 4/03,2/06,15/07,2/10,21/10,1/15,8/18,16/19 и 29/19), како и Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година, Бр.08-10314/1 од 29.12.2022, Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање предлог проекти од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2023 година во рамките на општинските стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области: Локален економски развој и Туризам, Заштита на животната средина, Култура и Млади, заради искористување на планираните финансиски средства во Активноста бр. 7 од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година.

Потреба на јавен повик

Заради потребата од реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот во 2023, Програма Г1- Поддршка на ЛЕР, односно реализацијата на Активноста бр 7- Проектни иницијативи од Граѓански организации, составен дел на истата и во таа насока вклучување на Граѓанскиот сектор во процесот на реализација на дел од стратешките документи како општински политики во рамките на приоритетните стратешки области, се наметнува потребата Општина Струмица преку Одделението за ЛЕР како надлежно одделение за реализација на програмата да спроведе јавна транспарентна постапка заради искористување на финансиски средства од Буџетот на општина Струмица за 2023 година планирани за таа намена.

Цел на јавниот повик

Целта на јавниот повик е Градоначалникот на општина Струмица во рамките на своите овластувања, преку надлежното Одд за ЛЕР, да спроведе јавна транспарентна постапка заради прибирање на проектни иницијативи, односно проекти од граѓански организации кои се компатабилни со стратешките документи односно стратешките области и одредените приоритети за 2023 година и во рамките на таа процедура да избере и финансиски поддржи реализација на проекти кои со сигурност во 2023 година ќе придонесат за подобрување или надминување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Финансиските средства предвидени во Активноста бр. 7 од Програмата G1- Поддршка на ЛЕР/Поддршка на проекти од граѓански организации за 2023 година од Буџетот на Општина Струмица за 2023 година ќе се доделуваат на Здруженија на граѓани од Општина Струмица за проекти во рамките на Стратегиските развојни документи на Општина Струмица од 2022-23/26 -28 година, соодветни на приоритетните области и цели.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Вредност на проектите кои ќе се финансираат

Согласно ЛОД Методологијата, усвоена од страна на Советот на општина Струмица на седницата одржана на 13.11.2019 година за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, највисокиот износ кој ќе се доделува за проекти е 250.000,00 денари, а најнискиот износ кој ќе се доделува за проекти е 60.000,00 денари

Подобност на подносител на проект(апликант)

  • Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

– Здруженија на граѓани / фондации кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации на Република Северна Македонија;

– Здруженија на граѓани / фондации кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани на територија на Општина Струмица;

– Остварување на програмите и дејствувањето на Здруженија на граѓани / фондации кои се јавуваaт на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија,

– Проектите со кои Здруженија на граѓани / фондации се јавуваат на јавниот повик да се имплементираат единствено на територија на Општина Струмица;

  • Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките области и цели, односно соодветните Стратегиски развојни документи на Општина Струмица од 2022-23/26-28 година, како општински политики и приоритетните области за 2023 година дадени во јавниот повик, како и насоките за аплицирање на јавниот повик за 2023 година.

– Предлог проектите да бидат изработени и доставени на начин дадено во упатството со насоките и обрасците (формуларите) составен дел на јавниот повик;

– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот, согласно образецот за Буџет на проектот;

Важно!

    1. Организацијата која има намера да аплицира на Јавниот повик за 2023 година, може да се јави како самостоен апликант, регистрирана како организација на територија на Општина Струмица и како апликант со друга партнер организација регистрирана на територија на Општина Струмица.

    2. Организацијата која аплицира на Јавниот повик за 2023 година во партнерство со друга организација ќе има предност во процесот на евалуација пред другите организации кои аплицирале како самостојни апликанти.

    3. Организацијата која се јавува како апликант на Јавниот повик 2023 година не смее да се јави како партнер на друг проект од друга организација(апликант) на истиот повик, односно партнер организацијата која веќе се јавува како партнер на проект на Јавниот повик за 2023 година не смее да се јави како самостоен апликант или партнер на друг проект.

    4. Двете организации кои се јавуваат со заеднички проект на Јавниот повик за 2023 година без разлика дали се јавуваат како апликант или партнер организацијата во истиот проект ја имаат истата важност пред општината и нивната проектна апликација ќе има предност во процесот на евалуација пред другите апликации од организации кои се јавуваат како самостојни апликанти на истиот Јавен повик.

    5. Апликантите кои се јавуваат на Јавниот повик за 2023 година, а во предходните две години не се финансиски поддржани од општината во рамките на предходните јавни повици или на било кој друг начин од Буџетот на општината, ќе имаат предност пред другите апликанти кои во предходните две години биле поддржани финансиски од општината, се разбира доколку ги задоволат останатите критериуми во јавниот повик- во рамките на поднесената целокупна пректна документација.

    6. Апликации, односно Предлог проекти со прикажано сопствено учество (сопствени финансиски средства или финансиски или материјални средства обезбедени како донација од општествено одговорни компании, за кои е приложен и соодветен доказ ќе се земат во предвид како предност во процесот на евалуација – оценување)

    7. Предлог проектите (реализацијата) треба да биде планирана во рамките на 6 месечен период на имплементација.

Времетраење на реализацијата на проектите

Проектите исклучиво да бидат со времетраење од 6 месеци. Проектите мора да се спроведат во периодот од јуни 2023 до декември 2023 година (со отстапки од оправдани причини по претходно поднесено барање за продолжување на рокот за завршување на проектот до Општина Струмица), односно:

  • Планиран термин за реализација на активностите од проектите е: Не покасно од 15 дена по потпишувањето на договорот за финансиска поддршка со општината, а да завршат со последниот ден од времeтраењето, односно со завршувањето на целиот циклус(поднесувањето на завршниот наративен и финансиски извештај за реализацијата) не покасно од 31.12.2023 година!

  • Поднесувањето на комплетните завршни наративни и финансиски извештаи е до 31.12.2023 година со евентуални отстапки во услови предизвикани од Виша сила, по претходно поденсено писмено барање за продолжување до општината, со наведени причини за потребата од продолжување!

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.

Основни документи-Задолжителни:

Покрај пријавата(Предлог проект) како Анекс бр. 1, од Здруженијата на граѓани / Фондации пополнета  со печатни букви во кирилично писмо, потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, изработена соодветно на даденото упатство и насоки, составен дел на јавниот повик, апликантот во прилог на истата задолжително треба да ги достави следниве прилози-анекси:

Анекс 1 Предлог проект

Анекс 2 Преглед на буџетот и план за трошоци

Анекс 3 Логичка рамка

Анекс 4 План на активности и видливост

Анекс 5 Формулар со административни податоци за подносителот

Анекс 6 Формулар со финансиски податоци за подносителот

Анекс 7 Изјава за подобност

Анекс 8 Листа за проверка

Напомена!

Пријавата со прилозите се достапни и може да се превземат од веб страницата на Општина Струмица (www.strumica.gov.mk) во работна верзија! Документите се доставуваат во запечатен пакет во состав два идентични примероци на комплетната докуметација-основни и дополнителни документи во хартиена форма и еден примерок со сета комплетна документација во електронска форма(CD или USB).

Како и дополнителни документи-задолжителни:

  1. Тековна состојба на здружението на граѓани / фондација не постаро од 6(шест) месеци;

  2. Копија од важечка потврда/решение за регистрација на здружението на граѓани /фондација во земјата (за носителот на проектот/подносителот и евентуални партнери),

  3. Копија од статутот на здружението на граѓани / фондација (подносителот и партнерите),

  4. Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител, освен доколку здружението на граѓани / фондација е основана во тековната година,

  5. Профил на здружението на граѓани / фондација

  6. Годишна програма на активности за 2023 година со референтна листа на реализрани пректи на здружението од претходните години;

Начин на достава на Проектната документација

Пополнетите апликации со целосната задолжителна документација мора да се поднесат како „пакет“ кој содржи две (2) целосни и идентични печатени копии на сите документи погоре наведени и една електронска копија (на CD или USB), по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот, на следната адреса:

Општина Струмица

Улица: Сандо Масев бр. 1

Поштенски број: 2400 Струмица

Крајниот рок за поднесување на апликациите е последниот ден предвиден во Јавниот повик и денот на објавување на Јавниот повик за 2023 година на општинската веб страница (30 дена од денот на објавувањето вклучително и денот на објавувањето).

Апликациите кои ќе пристигнат по зададениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.

Апликациите кои ќе бидат испратени на друг начин ( е-маил) или кои ќе бидат испорачани на друга адреса нема да бидат земени предвид.

На надворешната страна на пликот мора да стои називот на јавниот повик за предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосното име на проектот и следните зборови:
Да не се отвора пред официјалното отворање”.

Општината ќе води евиденција за сите примени предлог проекти и ќе издаде релевантна потврда за прием.

Пред да се поднесе предлог проектот, подносителите треба да потврдат дали бараната документација/апликација е целосна преку пополнување на Листата за проверка (Анекс 8), која е составен дел на апликацијата.

Други важни информации

    1. За времетраењето на Јавниот повик за 2023 година, општината ќе организра информативен состанок („отворен ден“) со потенцијалните подносители на предлог проекти во општина Струмица.во рок од 5 дена по објавувањето на Јавниот повик.

На овој состанок, потенцијалните подносители ќе бидат детално информирани за повикот, начинот на пријавување, критериумите, а ќе бидат дискутирани и идентификуваните недоследности и најчести недостатоци од претходните јавни повици.

На состанокот присутните организации самостојно бират и именуват нивни претставник како набљудувач на работата на Комисијата во процесот на евалуација и оценување.

Напомена!

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по зададениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е во официјалниот краен рок. Примената документација не се враќа!

За Јавниот повик за 2023 година определени се следните приоритетни области за Општина Струмица:

Приоритетни области на јавниот повик

Приоритетните области утврдени во Стратешките документи на општината низ процесот на партиципативно креирање на општинските политики со учество на граѓаните и граѓанските организации како и сите останати релевантни чинители во локалната заедница усвоени од Советот на општина Струмица како општински политики се земаат во предвид како општински приоритети врз основа на кои е дадена оваа можност за развивање на проектни иницијативи од граѓански организации и во таа насока нивно прибирање и финансирање во рамките на Јавниот повик за 2023 година.

Предлог проектите кои ќе бидат поднесени во рамките на јавниот повик треба да придонесат кон обезбедување подобри услуги за локалната заедница и да придонесат кон оствaрување на една или повеќе приоритетни цели –приоритети на општина Струмица.

За овој јавен повик, приоритетни области за општина Струмица за 2023 година се:

  1. Зајакнување на Локалниот економски развој и туризамот во Општина Струмица низ.

  • ПРИДОНЕС ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНО НИВО

  • УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

  • УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

  1. Заштита на животна средина

  • ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ИДНИНАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

  1. Култура

  • СИТЕ АСПЕКТИ НА КУЛТУРЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА ВО 2023 ГОДИНА

  1. Млади

  • МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА

Важна напомена!

Организациите кои по било кој друг основ користат финансиска поддршка од општината за 2023 година, немаат право да се јават на Јавниот повик како апликанти!

Лице за контакт:

Тони Милушев

Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица

mail: toni.milusev@strumica.gov.mk

Изработила:Теодора.Ѓоргиева./Сектор Лер_____

Контролирал: Тони.Милушев./Сектор Лер_______

Одобрил: Никола.Годев./Сектор Лер___________

ГРАДОНАЧАЛНИК НА

ОПШТИНА СТРУМИЦА

Костадин Костадинов