Вечерва се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на СОУ „Јане Сандански“

Вечерва се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на СОУ „Јане Сандански“
Под наслов „Historia de un Amor“, вечерва во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на СОУ „Јане Сандански“. Посетителите, меѓу кои и членови на Советот на општина Струмица, имаа можност да уживаат во најубавите латиноамерикански песни, преку настапот на учениците – солисти, хористи, танчери и членови на хорот, под менторство на професорите Анита Станковска и Денис Кирчанов.
Бројните аплаузи на отворена сцена покажаа дека и годинава Новогодишниот концерт ги оправда очекувањата на струмичани.
И овој концерт на струмичките „гимназијалци“ беше поддржан од страна на градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.