Ве покануваме на Првата и Втората форумска сесија кои се во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2022/2023 година

Ве покануваме на Првата и Втората форумска сесија кои се во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2022/2023 година

Ве покануваме на Првата и Втората форумска сесија кои се во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2022/2023 година. Првата форумска сесија ќе се одржи на ден 21.11.2022 година (понеделник) во 18:00 часот и Втората форумска сесија ќе се одржи на ден 22.11.2022 година(вторник) во 18:00 часот. Место на одржување на форумските сесии е во ДОМ на АРМ (Голема Сала) . Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината. На првата и втората форумска сесија ќе
имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање, планираните приоритети за развој за 2023 година и да учествувате во избор на приоритетна програма/проекти за реализација од Буџетот на општина Струмица за 2023 година. Присуството, активно учество и Вашиот придонес е од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2022/2023 година, со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање и реализацијата на општинскиот Буџет.

Прилог:

1. Агенда за Прва и Втора форумска сесија –

Покана – ЛИНК

Агенда – ЛИНК