Во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, денеска, беше отворена изложбата на ликовни творби создадени на Габровскиот водопад

Home / Вести / Во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, денеска, беше отворена изложбата на ликовни творби создадени на Габровскиот водопад

Во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, денеска, беше отворена изложбата на ликовни творби создадени на Габровскиот водопад од учениците во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино под менторство на наставникот Панче Ѓорѓиев. Изложени се 15 ликовни творби изработени во техника сув пастел на хамер, а на отворањето на изложбата присуствуваа учениците од ООУ „Герас Цунев“ од Просениково и преставници од Одделението за образование од Општина Струмица.