Во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ свечено беше отворено Државното првенство во Баскет 3х3

Во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ свечено беше отворено Државното првенство во Баскет 3х3
Денес во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ свечено беше отворено Државното првенство во Баскет-3х3 за средни училишта, во женска и машка конкуренција, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во коорганизација на Меѓуопштинскиот Сојуз на училишен спорт на Струмица.
Првенството за отворено го прогласи членката на Советот на општина Струмица Елена Магеровска Паликарова која во својот говор меѓу другото истакна:
„Струмица, без никакво сомнение, претставува вистински македонски спортски центар, не само според успесите на струмичките спортски клубови, туку и според фактот дека е своевиден „град-магнет“ за спортски случувања од државен карактер. Така беше во изминатиот повеќегодишен период , а така е и сега. Имено, оваа пролет, во релативно кус временски период, нашиот град беше домаќин на неколку државни првенства за основни и средни училишта во разни спортови, а еве, тоа се случува и денес. Убедена сум дека, како и досега, Струмица и овојпат ќе се покаже како беспрекорен град домаќин“.
На државното првенство во Баскет – 3х3 учествуваа средношколските екипи-победници по региони, и тоа од средните училишта: „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, „Јосип Броз Тито“ од Скопје и „Јане Сандански“ од Штип во женска конкуренција, и средните училишта „Јосип Броз Тито“ од Битола „Јосиф Јосифовски Свештарот“ од Гевгелија, „Никола Карев“ од Скопје и „Јане Сандански“ од Струмица во машка конкуренција.