Вчера во Скопје во организација на Младинскиот културен центар беше одржан национален настан за вмрежување на Локалните економско – социјални совети

Вчера во Скопје во организација на Младинскиот културен центар беше одржан национален настан за вмрежување на Локалните економско – социјални совети

Вчера во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар од Битола, а во соработка со партнерски организации од Гостивар, Струга, Тетово, Кавадарци и Свети Николе, беше одржан национален настан за вмрежување на Локалните економско – социјални совети. На овој настан ЛЕСС – Струмица ја претставуваа Тони Милушев , Надица Патрикова и Софче Јанева, а претседавачот Милушев изврши и презентација за работата на струмичкиот Локален економски – социјален совет. Целта на настанот за вмрежување беше да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу клучните чинители во социјалниот дијалог во земјата.

Настанот се реализираше во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.