Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ги потпиша договорите за работно ангажирање со 16 лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес во основните училишта и тоа 14 во Струмица и по еден во населените места Муртино и Градско Балдовци. За ангажирањето на 16-те лични асистенти се обезбедени средства од општинскиот буџет.
Струмица е првата општина во Република Северна Македонија која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес уште во 2016 година.