Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Струмица го посети првото новороденче во општина Струмица во оваа нова 2022 година.
На мајката Тамара Пандева од селото Банско и го честиташе синот, а на новороденчето му подари штедна книшка со 40 илјади денари и му посака среќно и безгрижно детство.