Писмен извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Писмен извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 150 µg/m3, (2 и повеќе последователни дена на 03.01.2022 и 04.01.2022) известуваме дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавување на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на    http://air.moepp.gov.mk/

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија  бр 183 од 14.12.2017 година) и во согласност со Заклучокот од 40 седница на Владата на РМ одржана на 28.11.2017, во случај на надминување на концентрацијата на PM10 честичките во воздухот во која е дефиниран прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) , ако среднодневната концентрацијата на PM10 е над прагот во текот на два и повеќе последователни денови  со среднодневни концентрации на 150 µg/m3  и добиената прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период. (Стабилна временска состојба е состојба на атмосферата која се создава при подолготрајно присуство на поле на висок воздушен притисок (антициклон) над  подрачје , особено во зимскиот дел од годината , која се карактеризира со многу слаби хоризонтални и вертикални струења што предизвикува појава на температурна инверзија по котлините , состојба при која студениот воздух се задржува и мирува во приземниот слој на атмосферата) .

Во овој случај на Стабилна Временска состојба и надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 и повеќе последователни дена на 03.01.2022 и 04.01.2022 со среднодневни концентрации над 150 µg/m3)  Општина Струмица ги објавува следниве препораки:

– Препораката за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација  и децата ,

– Да се ослободат од работни обврски бремени жени , лицата постари од 60 години , лица со хронична астма , лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста .

– Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот,

– Забрана за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено ,

– Обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош , домашната посета и патронажната служба .

– На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашина, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот .

– Да  не се гори  пелевина од иверици и други отпадни материјали за користење како огревно средство.

– Социјална помош за лицата кои не можат да обезбедат средства за загревање на домот со цел да се избегне палењето синтетика, пластика, гума и слични токсични материјали за огрев.

– За истата категорија на луѓе на терет на општината да се преземат мерки за чистење на оџаците.

– Забрана за движење низ целото градско подрачје на нерегистрирани возила, во кои спаѓаат возилата кои сечат огревни дрва насекаде во градот.

– Привремена ограничување на емисиите од инсталациите со А и Б интегрирани дозволи и помалите стопански капацитети, а овластениот инспектор да врши зачестени контроли на инсталациите, да се спроведат мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со цел да се  утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисии во воздухот.

– Да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла .

– Автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30.

– Дотур на стока да се врши до 7:30 часот.

– Поради опасните нивоа на загаденост на воздухот, во случај на повеќе дневно надминување на прагот на алармирање, треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што приватниот автомобилски сообраќај да биде забранет во центарот на градот. Забраната да не ги опфаќа јавните автобуси, такси-возилата, итните    транспортни возила, брзата медицинска помош и полициските возила.

                                                                                                   ОПШТИНА СТРУМИЦА

                                                                                                      Раководител на сектор

                                                                                                             Никола Годев

Изготвил :  Соња Стојкова

Потврдил : Томислав Андреев

Датум  :       05.01.2022  Струмица