Градоначалникот Костадинов и членовите на Локалниот младински совет го посетија Стационарот „Лана“

Градоначалникот Костадинов и членовите на Локалниот младински совет го посетија Стационарот „Лана“

Градоначалникот Костадин Костадинов и членовите на новоформираниот Локален младински совет денеска го посетија Стационарот за бездомни кучиња „Лана“, со што ја реализираа и првата заедничка теренска активност.

Младите се запознаа со работата на Јавното претпријатие, заловувањето и хуманиот третман на бездомните кучиња. Градоначалникот Костадинов најави заеднички посети на сите општински јавни претпријатија.

-Само преку создавање можности креативноста на младиот човек да се претвори во дела, ќе го убедиме младиот човек да има поголема доверба во локалните институции и што е можно повеќе да доаѓаат и да ги кажуваат нивните зебелешки, рече Костадинов.

Од Локалниот младински совет најавија кампањи за подигање на свеста кај младите за вдомување на бездомните кучиња.

-Покрај кампањи ќе работиме и на зголемување на интересот кај младите за волонтирање во Стационарот и на тој начин да помогнеме во работењето, рече Васил Поп Стојанов.