Работниот ден на градоначалникот Костадин Костадинов денеска започна со средба со дел од учениците во прва година од туристичко – угостителската струка, профил готвач, од СОУУД „Димитар Влахов“ и нивната професорка Ивана Ѓоргиева. Тој ја испочитува нивната желба пред новогодишните празници да му подарат слатка куќа и колачи подготвени со многу љубов лично од нив.
На средбата разговараа за нивната љубов кон готвењето, образовниот процес и нивната хуманитарна работа која ја потврдија со подготвување на оброци за семејства од социјално ранливите категории во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Струмица.
Честитајќи им го претстојните новогодишни и божиќни празници, градоначалникот Костадинов им посака многу успех во учењето и среќа и радост во животот.