Градоначалникот Костадин Костадинов, присуствуваше на час во паралелка со ученици од четврто одделение во ООУ „Сандо Масев“ од Струмица. Разговараа на теми од локалната власт, односно, за функцијата на Градоначалникот и работата на Општината, кои што ги изучуваат по предметот историја и општество.
Градоначалникот Костадинов беше изненаден од познавањата на учениците на овие теми, им врачи подароци и им посака многу успех во учењето и безгрижно детство.