Градоначалникот Костадин Костадинов со својот тим одржа Јавен собир со жителите на населеното место Градско Балдовци. На собирот разговараа за животот во селото и проблемите со коишто се соочуваат, а кои ќе можат да се решат следната година со средства од општинскиот буџет.
Проблеми за решавање вечерва се утврдуваа и во населеното место Раборци. Јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници завршуваат утревечер во населените места Добрејци и Просениково.