Градоначалникот Костадинов на средба со младите во Европската куќа

Градоначалникот Костадинов на средба со младите во Европската куќа

Градоначалникот Костадин Костадинов, вечеравечер во Europe House во Струмица имаше средба со младите на којашто разговараа за младинското учество во локалните политики. Главна тема беше Младинскиот културен центар во којшто младите ќе ги реализираат своите креативни идеи, ќе организираат и реализираат општествени активности и културни настани.

Заеднички беше потврдена желбата за реализација на овој проект. На средбата присуствуваше и Ѓорги Тасев, советник за млади и младински политики на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.