Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со избраните кандидати на Јавниот повик за пријавување и вклучување на млади невработени лица од општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капацитети заради започнување на свои сопствени бизниси во оваа година.
На средбата разговараа за нивните бизнис идеи, процесот на зајакнување на нивните капацитети и поддршката којашто ја имаат од општина Струмица. За оваа намена општина Струмица издвои 300 илјади денари, а ваквата поддршка е скоро двојно зголемена во оваа буџетска година.