Градоначалникот Костадин Костадинов денеска имаше средба со Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман Марти.
На средбата на којашто присуствуваа и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и секретарот на Општината Александар Оџаков, се разговараше за досегашната соработка и плановите за нејзино унапредување.
Во општина Струмица и во Југоисточниот регион, досега се реализирани повеќе проекти финансирани од швајцарските фондови. Градоначалникот Костадинов се заблагодари за поддршката и со амбасадорката ја потврдија заедничката заложба за реализација на нови проекти во интерес на граѓаните.