Започнаа активностите за Социјалната населба над градот

Започнаа активностите за Социјалната населба над градот

Над градот во месноста Чамлк денеска започнаа подготовките за реализација на проектот Станбена населба со објекти со намена домување, за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица.  Во проектниот опфат од 3,34 хектари  ќе бидат изградени околу 100 куќи за социјално загрозени семејства. Градоначалникот Костадин Костадинов најавувајќи дека со населбата се решава децениски проблем, им се заблагодари на жителите од долното и горното Турско маало за разбирањето, а на граѓаните за поддршката.